Достапни линкови

Меркел ја критикуваше руската анексија врз Крим


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека лекциите од двете светски војни ја натерале да заземе цврст став против руската анексија врз Крим. Вчера на отворањето на изложба за Првата светска војна, Меркел рече дека руската анексија врз Крим е неприфатлива. Територијалниот интегритет е темелот столб на нашата повоената европска цел, дополни Меркел. Таа истакна дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин идната недела во Франција на церемонијата на одбележување на годишнината од Втората светска војна.
XS
SM
MD
LG