Достапни линкови

logo-print

Обама: Најголема закана за САД и за светот е тероризмот


Најголемата опасност за Соединетите Држави и за светот денес е тероризмот, оцени американскиот претседател Барак Обама во говорот за американската надворешна политика на воената академија Вест Поинт. Тој го повика Конгресот да го подржи новиот фонд за анти-терористичко партнерство во висина од 5 милијарди долари, со кој, ќе им се овозможи обука екипирање и опремување на партнерските земји во првите линии.
Обама истакна дека САД ќе ги употребат воените сили и унилатерално, ако е неопходно, доколку тоа е од национален интерес. Но, додаде дека употребата на воена сила мора да биде разумно.
,,Само затоа што имаме најдобар чекан, не значи и дека секој проблем е клинец”, изјави Обама.
Американскиот претседател истакна дека под американско лидерство, светот веднаш се обединил во осудата на руските акции во Украина.
Во врска со иранската нуклеарна програма, Обама оцени дека за прв пат во последнава декада, има шанси за договор, со кој Иран ќе биде спречен да произведе нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG