Достапни линкови

Човековите права се кршат, институциите молчат


Институциите не реагираат соодветно на кршењето на правата. Институциите се злоупотребуваат од страна на партиите на власт, а нивните надлежности се користат само за постигнување политички поени на партиите на власт, вели Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.

Сериозни нарушувања на слободите и правата на граѓаните, како и драстични повреди на принципот на владеење на правото и правната држава, забележува Хелсиншкиот комитет на Македонија во годишниот извештај за 2013 година. Директорката на Комитетот, Уранија Пировска, вели дека особено загрижува тоа што институциите не реагираат соодветно на кршењето на правата.
Институциите се злоупотребуваат од страна на партиите на власт, нивните надлежности се ставаат единствено за една цел, а тоа е за постигнување политички поени на партиите на власт.


„Институциите се злоупотребуваат од страна на партиите на власт, нивните надлежности се ставаат единствено за една цел, а тоа е за постигнување политички поени на партиите на власт“, вели таа, Уранија Пировска.

Уранија Пировска.



Во однос на судството, Комитетот меѓу другото забележува дека се повредува пресумпцијата на невиност, се изрекуваат колективни, идентични и стереотипни решенија за притвор, се повредува правото на судење во разумен рок и се надминуваат роковите за објава и изготвување на пресуди. Хелсиншки исто така наведува дека при работата на Уставниот суд се нарушува принципот на поделба на власта и се нарушува независноста на судскиот систем од извршната власт.
Она што е забележливо е дека има апсолутна доминација на извршната власт и нејзиното влијание и врз судската и врз законодавната власт.


„Во Република Македонија веќе не можат ниту граѓаните, ниту ние, граѓанските организации, да се потпираме на објективното и непристрасно одлучување на Уставниот суд, којшто порано на некој начин беше последниот бастион на човековите права. Загрижувачки е колку во Република Македонија веќе не се почитува принципот на поделба на власта и правната држава. Она што е забележливо е дека има апсолутна доминација на извршната власт и нејзиното влијание и врз судската и врз законодавната власт“, вели Пировска, при што ги посочува одлуките на судот за законот за лустрација и за настаните од 24 декември.

Најголем број од случаите на дискриминација, пак, се по основ на политичка ориентација, а по нив следуваат оние по основ на сексуална ориентација или родов идентитет, а Хелсиншкиот комитет забележува дека „во праксата на државата има институционална опструкција на видливоста на овој вид дискриминација, а поттикнувањето и ширењето омраза и говор на омраза кон лицата од ЛГБТИ заедницата од страна на владини и про-владини медиумски сервиси дополнително ја влошува состојбата“. ЛГБТИ лицата исто така често се мета на говор на омраза и на насилство.

Злосторствата од омраза, пак, најчесто се поради етничката припадност и најчесто во ваквите инциденти се вклучени Македонци и Албанци.

Исто така се наведува дека има силни индиции дека непознати полициски службеници мачеле и сурово, нечовечки и понижувачки постапувале со притвореници и затвореници.

Хелсиншкиот комитет забележува дека законите кои бараат широка јавна расправа и уредуваат сензитивни области, често се носат по скратена постапка, при што го посочува Законот за абортус, кој според нив има спорни одредби. Забележани се и прекршувања на економските и социјални, како и на политичките и граѓански права.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG