Достапни линкови

Оставките доставени до Собранието, на ред се нови избори?


Сите 33 пратеници од опозицијата кои потпишаа изјава на нотар дека се откажуваат од мандатите ги депонираа оставките. Претседателот на СДСМ вели дека евентуални предвремени избори би можело да се одржат доколку се обезбедат предуслови за тоа, а еден од нив е формирање техничка влада.

Избраните пратеници од опозицијата ги поднесоа оставките до собраниските служби. Сите 33 пратеници кои потпишаа изјава на нотар дека се откажуваат од мандатите ги депонираа оставките. Ова значи дека СДСМ со коалициските партнери остануваат на ставот за непризнавање на резултатите од двојните избори преку бојкот на парламентот и оти остануваат надвор од законодавниот дом.
Нема учествување во Парламент кој не ја одразува вистинската волја на граѓаните. Никој не може да влијае на овој став на опозицијата. Оставки поднесоа сите 33 пратеници кои потпишаа на нотар дека не ги прифаќаат мандатите.


„Нема учествување во Парламент кој не ја одразува вистинската волја на граѓаните. Никој не може да влијае на овој став на опозицијата. Со овој чин се почитува одлуката донесена од органите и телата на партиите и се потврдува цврстата определеност на СДСМ и на коалиционите партнери за неприфаќање на мандатите. Оставки поднесоа сите 33 пратеници кои потпишаа на нотар дека не ги прифаќаат мандатите“, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Тој дополни дека евентуални предвремени избори би можело да се одржат доколку се обезбедат предуслови за тоа, а еден од нив е формирање техничка влада. Тој дополни дека владата на премерот Груевски претставува најголема штета за евроинтегративните процеси на земјата одговарајќи на прашање дали со напуштањето на парламентот ќе предизвикаат негативни последици врз овој процес. Заев дополни дека во наредниот период ќе дејствуваат врз основа на платформа и оти ги повикуваат сите прогресивни граѓани да им се приклучат.
СДСМ во координација со коалиционите партнери подготвува платформа за натамошните вонпарламентарни дејствувања против режимската власт. Тоа ќе бидат прецизни активност кон кои ќе можат да се вклучат сите прогресивни сили во општеството.


„СДСМ во координација со коалиционите партнери подготвува платформа за натамошните вонпарламентарни дејствувања против режимската власт. Тоа ќе бидат прецизни активност кон кои ќе можат да се вклучат сите прогресивни сили во општеството. Целта е јасна и единствена, враќање на демократските институции и создавање услови за одржување слободни и фер избори на кои ќе биде реализирана вистинската волја на граѓаните на Република Македонија.“

Собранието на наредната седница треба да ги констатира оставките и да го извести ДИК. ДИК во рок од три дена треба да ги информира пратениците кои се следни на изборната листа да се изјаснат дали ги прифаќаат мандатите. Заев рече дека сите 119 од опозицијата што се на изборните листи исто така потпишеле изјава на нотар дека не ги прифаќаат мандатите.

Пратениците од опозицијата на самиот ден на изборите одлучија да ги вратат мандатите бидејќи не ги признаваат изборите. Освен Роза Топузова-Kаревска од ЛДП, сите 33 пратеници од опозицијата што добија мандат писмено го потврдија откажувањето од него.

Собранието досега има искуство со одземање мандат во случај на заминување на друга функција, но не и искуство со враќање на мандатите. Според постојните закони дискутабилно е за едни исти избори граѓаните да гласаат двапати.

Професор Осман Кадриу вели дека Собранието на првата наредна седница треба да констатира престанок на мандатите и како ќе биде натамошното пополнување на овие 33 испразнети пратенички места е сложено прашање. Според него дополнителни избори е невозможно да се спроведат.

„При фактот дека имаме избор на пратеници од една конкретна политичка партија не постои можност правно да се изведе со дополнителни избори.“

Тој коментира дека треба да се размисли дали парламентот може да работи во иднина без опозиција или да се подготвува терен за нови избори.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG