Достапни линкови

Обама со партнерски анти-терористички фонд од 5 милијарди долари


Државниот секретар Џон Кери изјави дека САД ќе отворат фонд за партнерство против тероризмот од 5 милијарди долари за да им помогне на другите земји во борба против радикалните екстремисти.

Кери изјави дека претседателот Барак Обама ова ќе го објави за време на неговиот говор денеска во Воената академија Вест Поинт.

Обама вчера предложи план за ставање крај на американскиот воен ангажман во Авганистан со што, според Кери, ќе им овозможи на САД да ги пренасочи ресурсите за антитероризам во други делови на светот.
XS
SM
MD
LG