Достапни линкови

Седум активисти и тројца новинари осудени во Казахстан


Оркен Жојамерген

Оркен Жојамерген

Седум активисти во Астана , кои протестираа против влез на Казахстан во Евроазиската економска унија се осудени на затворски казни до четири дена.

Од друга страна тројцата новинари кои ги покриваа протестите во градот Илинка , во близина на Астана, беа осуден на четири дена на административен притвор. Меѓу нив е и Оркен Жојамерген дописник на РФЕ / РЛ.

Тој е прогласен за виновен за хулиганизам. Раководството на РФЕ / РЛ ова го осуди како кршење на слободата на медиумите и побара сите новинари да бидат веднаш ослободени.

Полицијата првично уапси 20 активисти кои се собраа во Илинка за да планираат протести за утре кога се очекува казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев да биде домаќин на неговите колеги од Русија и Белорусија Владимир Путин и Aлександар Лукашенко.
Половина од притворените мажи и жени подоцна беа ослободени.
XS
SM
MD
LG