Достапни линкови

logo-print

Оставките на опозицијата на пат кон Собранието


Пратеници од опозицијата ќе поднесат оставки до собраниските служби.

Во текот на денешниот ден избраните пратеници од опозицијата ќе поднесат оставки до собраниските служби. Ова значи дека со коалициските партнери и понатаму остануваат на ставот за непризнавање на резултатите од двојните избори преку бојкот на парламентот и оти остануваат надвор од законодавниот дом.
Во 13 и 30 сите пратеници од Коалицијата ќе дојдат во Собранието и во Архива ќе ги предадат оставките од функцијата пратеник, онака како што предвидуваат и Уставот и Законот за пратеници.


„Во 13 и 30 сите пратеници од Коалицијата ќе дојдат во Собранието и во Архива ќе ги предадат оставките од функцијата пратеник, онака како што предвидуваат и Уставот и Законот за пратеници“, изјави Тито Петковски од НДСП.

Пратениците од опозицијата на самиот ден на изборите одлучија да ги вратат мандатите бидејќи не ги признаваат изборите. Досега, освен Роза Топузова-Kаревска од ЛДП, сите 33 пратеници од опозицијата што добија мандат писмено го потврдија откажувањето од него. Со оглед дека нивниот мандат е верифициран од Собранието, а Собранието и натаму е на мислење дека тие се избрани независно што не ги прифаќаат мандатите сега следниот чекор е избраните пратеници од листата да се изјаснат дека не ги прифаќаат мандатите. Оваа постапка според Петковски ќе трае долго.
При фактот дека имаме избор на пратеници од една конкретна политичка партија не постои можност правно да се изведе со дополнителни избори.

Собранието досега има искуство со одземање мандат во случај на заминување на друга функција, но не и искуство со враќање на мандатите.

„ДИК треба да го повика наредниот на листата на кандидати. Бидејќи сите 120 кандидати потпишаа нотарски изјави дека не ги прифаќаат мандатите, освен госпоѓа Роза Топузовска Каревска, се повикува секој нареден и тоа не може да трае покусо од 5-6 месеци“, вели Петковски.

Во овој случај за секоја изборна единица ќе треба да бидат консултирани пратениците од ДИК, дополнува Петковски.

„На пример во Изборната единица три, следните седум кандидати, што се после избраните седум за пратеници, значи до четиринаесетиот, ќе треба да бидат консултирани и тоа поединечно и доколку се исцрпи листата од 20 кандидати на тој начин, тогаш се оди на дополнителни избори, така предвидува Уставот“, изјави Петковски.

Според опозицијата интересно ќе биде ако се организираат дополнителни избори Според постојните закони дискутабилно е за едни исти избори граѓаните да гласаат двапати.

Професор Осман Кадриу вели дека Собранието на првата наредна седница треба да констатира престанок на мандатите и како ќе биде натамошното пополнување на овие 33 испразнети пратенички места е сложено прашање. Според него дополнителни избори е невозможно да се спроведат.

„При фактот дека имаме избор на пратеници од една конкретна политичка партија не постои можност правно да се изведе со дополнителни избори.“

Тој коментира дека треба да се размисли дали парламентот може да работи во иднина без опозиција или да се подготвува терен за нови избори.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG