Достапни линкови

Публика за туристички театар


Илустрација.
Илустрација.

Македонија има што да понуди да се види, но останува со нерешен проблем на сместувачките капацитети, кој, пак, влијае и врз атрактивноста на земјата како туристичка дестинација, но и врз структурата на гостите.

Правиме театар за публика или носиме публика за театар се прашуваат дел од туристичките работници пред отпочнувањето на летната сезона размислувајќи за понудата со која располагаме за странските туристи. И без новите градби и споменици, Македонија има што да понуди да се види, но останува со нерешен проблем на сместувачките капацитети, кој, пак, влијае и врз атрактивноста на земјата како туристичка дестинација, но и врз структурата на гостите.
Ние постојано одиме на берзи со истите хотели. Значи, со едно исто префарбано и тапацирано Југо, ние се натпреваруваме на Формула 1, а луѓето од Формула 1 секоја година, секоја сезона вадат нови и нови модел.
Ангел Иванов, туристички работник.


„Ние постојано одиме на берзи со истите хотели. Значи, со едно исто префарбано и тапацирано Југо, ние се натпреваруваме на Формула 1, а луѓето од Формула 1 секоја година, секоја сезона вадат нови и нови модели“, вели Ангел Иванов, туристички работник.


Во непосредна близина на Македонија, Бугарија располага со врвна и шаренолика туристичка понуда од хотелски и други сместувачки капацитети по двојно и повеќе пониски цени, а кои располагаат со сите можни услови, посочува Иванов, кој се прашува зошто во Македонија не е ни во зачеток слична по квалитет туристичка понуда.
Сметам дека продорот кој се врши сега, бидејќи овие две години добивме една нова структура на гости од Турција и од Холандија, кои преовладуваат во туризмот, сметам дека тие ќе повлечат и поексклузивни гости, а тоа ќе бара и структурирање на сместувачките единици.
Науме Мариноски, универзитетски професор.


Не може во хотели кои што се наоѓаат во национални паркови на туристите да им се вели дека водата не е за пиење за да ја купуваат или познати хотели во Скопје да немаат паркинг, а пристапот на интернет да го наплатуваат дополнително, посочува Иванов.

Од понудата, пак, зависи и структурата на гостите, посочува професор Науме Мариноски.

„Јас сметам дека продорот кој се врши сега, бидејќи овие две години добивме една нова структура на гости од Турција и од Холандија, кои преовладуваат во туризмот, сметам дека тие ќе повлечат и поексклузивни гости, а тоа ќе бара и структурирање на сместувачките единици“, вели тој.

Мариноски се надева дека новата владина стратегија за развој на туризмот и потезите кои државата ги прави за привлекување на странски туристи ќе дадат резултати. Само со шминкање на постоечките капацитети не се постигнува поквалитетна сместувачка понуда, наспроти тоа најстарите хотели од кои се прави и најексклузивна понуда, во Македонија повеќе не постојат, посочуваат познавачите на состојбите што е уште една од потврдите дека не се направени ниту првични чекори за понуда која ќе влијае врз структурата на странските гости што може да придонесе за значително поголема вонпансионската потрошувачка.
XS
SM
MD
LG