Достапни линкови

Кандидатите за претседател на Авганистан го поздравија планот на Обама


Кандидатите во претстојните претседателски избори во Авганистан, поранешниот министер за надворешни работи, Абдула Абдула и поранешниот министер за финансии Ашраф Гани, го поздравија новиот план на американскиот претседател Барак Обама за повлекување на војниците на САД од земјата, додека Талибанците го оценија како продолжување на окупација.

Американскиот претседател Барак Обама синоќа објави дека по 2014 година во Авганистан ќе останат 9800 американски војници. До крајот на 2015 година, нивното присуство ќе се намали на околу половина и сите американски војници ќе замине на крајот од 2016 година.

Портпаролката на НАТО, Оана Си, рече дека изјавата на Обама е во согласност со плановите на Алијансата за обука и поддршка мисијата по 2014 та година.
XS
SM
MD
LG