Достапни линкови

Трет ден - избори во Египет


Претседателски избори во Египет влегоа во трет ден откако властите ги зголемија бројот на деновите за гласање во обид да се подигне одѕивот на гласачите, кој е помал од очекуваниот.

Фаворит на изборите е поранешниот началник на Генералштабот Абдел Фатах ал-Сиси.

Тој се соочува со само еден противкандидат, левичарски политичар Хамаден Сабачи. Сиси го предводеше соборувањето на претседателот Мухамед Морси во јули минатата година по што се укина и неговото Муслиманско братство.

Поддржувачите на Сиси се надеваа дека со голем одзив ќе се покаже народната поддршка.
XS
SM
MD
LG