Достапни линкови

Премиерите на Украина, Грузија и Молдавија на вечера кај Меркел


Германската канцеларка Ангела Меркел ќе им биде домаќин на вечерата во Берлин за лидерите од Украина, Грузија и Молдавија на која ќе се разговара за кризата во Украина.

Премиерите Арсениј Јатсенијук, Иракли Гарибашвили и Лурие Леанча се очекува да се фокусираат посебно врз исходот од претседателските избори на кои победи милијардерот Петро Порошенко.

Меркел, честитајки го на Порошенко, изјави дека сега е време да се продолжи по патот на внатрешно помирување.
XS
SM
MD
LG