Достапни линкови

Пратениците на СДСМ ќе ги поднесат оставките во Собрание


Пратениците нa СДСМ денеска во 13:30 часот ќе поднесат оставки во Собранието, јавуваат медиумите повикувајќи се на извори во партијата. Оваа одлука била донесена на состанокот меѓу пратениците и раководството на СДСМ. Иако меѓу пратениците имало негодување за оваа одлука и дискусии во насока дека треба да се почека, сепак конечната одлука била пратениците писмените оставки да ги поднесат денеска. Одлуката доаѓа откако СДСМ ги квалификуваше изборите како системска кражба и реши да не ги признае резултатите.
XS
SM
MD
LG