Достапни линкови

logo-print

Иранскиот суд негира дека го повикал Цукерберг


Официјален претставник на судството во иранската провинција Фарс ги негираше извештаите дека извршниот директор на Фејсбук Марк Цукерберг е повикан во локалниот суд. Во изјава за државната новинска агенција ИРНА, јавниот обвинител Аи Алгаси Мехр, ги отфрли извештаите како "чиста лага." Министерството за правда во Фарс, исто така негираше дека Цукерберг е повикан на разговор за прашања околу приватноста. Претходно медиумите јавија дека Цукерберг бил повикан на одговорност по жалбите од страна на поединци кои велат дека Фејсбук апликациите Инстаграм и Ватсап ја нарушуваат нивната приватност. Во извештајот се цитира Рухолах Насаб, официјален претставник на паравоените сили, како вели дека судијата наредил двете апликации да бидат блокирани и додава дека жалбите од страна на поединци се разгледуваат.
XS
SM
MD
LG