Достапни линкови

Путин повика на прекин на борбите во источна Украина


Рускиот претседател Владимир Путин повика на итен прекин на она што тој го нарекува "казнена" воена операција на украинската влада на исток, откако десетици луѓе беа убиени во еден ден од борбите во источниот град Доњецк. Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека владините сили го контролираат аеродромот во Доњецк, откако сепаратистите се обидоа да го искористат ден пред тоа. Засега нема официјална бројка на загинати од борбите. Сепаратистите изјави дека најмалку 30 а, можеби и до 100 борци биле убиени. Градоначалникот на Доњецк соопшти за бројка од 40 загинати, вклучувајќи и двајца цивили и 38 "борци". Според Аваков нема загинати владини војници.
Победникот на претседателските избори Петро Порошенко, изјави дека сака разговори со Москва за решавање на кризата, но рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров се изјасни дека посета на Москва од страна на Порошенко "нема да се разгледува."
XS
SM
MD
LG