Достапни линкови

logo-print

Истрага во Белата куќа


Адвокатот на претседателот Барак Обама е во потрага по протекувањето на името на шефот на канцеларијата на ЦИА во Кабул, откако неговото име било погрешно откриено во јавноста.
-Началникот на Генералштабот побара од советникот во Белата куќа, Нил Егелстон да испита што се случило и да поднесе извештај до него со препораки за тоа како администрацијата да се подобри и да биде сигурна дека вакво нешто нема да се случи повторно", рече портпаролката Кетлин Хајден.
Името било едно од петнаесетте напишани во и-меил од претставниците за печат на Белата куќа до новинарот на Вашингтон пост, Скот Вилсон, а меилот потоа бил препратен на над 6000 новинари кои известуваат за Белата куќа. Големите весници не го објавија името на шефот, бидејќи администрацијата смета дека тоа ќе го стави неговиот живот во опасност.
XS
SM
MD
LG