Достапни линкови

Повик за протести во Истанбул


Турски политички активисти повикаа на одржување собир во центарот на Истанбул во сабота, со што би била одбележана годишнината од почетокот на ланските антивладини протести што ја зафатија цела Турција. Минатата недела протести поради несреќата во рудникот во Сома се одржаа во истанбулската населба Окмејдан, при кои загинаа две лица. Преимерот Ердоган учесниците на овие протести ги нарече терористи. Ланските протести започнаа како собир против уништувањето на истанбулскиот парк Гези, но набрзо прераснаа во насилни демонстрации против конзервативно-исламистичката Влада на Реџеп Тајип Ердоган, кои траеја неколку недели. При протестите, на кои според проценките излегоа над два милиони луѓе, загинаа шест лица, а илјадници беа повредени.
XS
SM
MD
LG