Достапни линкови

logo-print

Обама за американското присуство во Авганистан по 2014


Американскиот претседател Барак Обама се очекува да објави дека од почеток на 2015 година во Авганистан ќе има 9800 војници на САД и НАТО сојузниците.

До крајот на 2015, присуството на војниците ќе биде намалено за околу половина, главно околу Кабул и воздухопловната база Баграм.

До крајот на 2016 година,САД пак се надеваат дека ќе задржат помалку од 1.000 војници во Авганистан. Планот ќе биде применет само ако авганистанската влада потпише билатерален договор за безбедност.

Водечките претседателски кандидати ветија дека ќе потпишат договор ако бидат избрани. Веста за присуство на трупите доаѓа по ненадејната посета на претседателот Обама на американските сили во Авганистан.
XS
SM
MD
LG