Достапни линкови

Не се штеди струја


Дебата во рамки на проектот „Иницијатива за јавен дијалог, за одржливо користење енергија“ на Центарот за истражување и креирање политики од Скопје и Академија за политички студии од Албанија.
Дебата во рамки на проектот „Иницијатива за јавен дијалог, за одржливо користење енергија“ на Центарот за истражување и креирање политики од Скопје и Академија за политички студии од Албанија.

Недоволната информираност на граѓаните за начините како да се штеди, но и нискиот стандард, како кочница за инвестирање во нови зафати и ставање на нова ПВЦ дограма, се причините поради кои не се штеди енергија, посочуваат упатените.

Иако годинава немаше студена зима, сепак сметките на граѓаните за струја беа превисоки, како што велат, во однос на нивниот стандард. И по завршувањето на грејната сезона, сепак давачките за струја се највисоки во однос на сите комунални трошоци на едно домаќинство. Според анализите на стручњаците, и во бизнис ресорот и во институциите, не се штеди енергија.
Владата дава субвенции, но за субвенциите е искористен принципот на лотарија, кој според граѓаните е најверојатно недоволен, бидејќи според резултатите, само околу 5 отсто кичевчани и битолчани имаат искористен сончев колектор.
Златко Симоновски, ЦИКП.

Од невладината организација Центар за истражување и креирање политики од Скопје тврдат дека недоволната информираност на граѓаните за начините како да се штеди, но и нискиот стандард, како кочница за инвестирање во нови зафати и ставање на нова ПВЦ дограма, се причините поради кои не се штеди енергија. Анкетите спроведени во Кичево и Битола го покажале тоа. Многу малку се користат други извори на топлина, иако Македонија има 280 сончеви денови годишно.
Енергетски ефикасна куќа.
Енергетски ефикасна куќа.

„Владата дава субвенции, но за субвенциите е искористен принципот на лотарија, кој според граѓаните е најверојатно недоволен, бидејќи според резултатите, само околу 5 отсто кичевчани и битолчани имаат искористен сончев колектор“, вели Златко Симоновски од невладината ЦИКП.
Македонија е чекор пред Албанија, има на пример, инспекции, локални власти, регулатива за енергетска ефикасност. Албанија можеби треба да ги има предвид добрите примери.
Ерион Тасе, извршен директор на невладината Академија за политички студии од Албанија.

Од општинската администрација на Кичево и Битола велат дека досега се реализирани повеќе проекти за штедење енергија. Во Битола во тек е проект за централно затоплување.

„Ќе има голема заштеда бидејќи електричната енергија, мал процент се одделува од загубите на ЕЛЕМ – РЕК БИТОЛА, а голем бенефит ќе има градот со топлотната енергија“, вели Валентино Јанакиевски од општинскиот сектор за енергетска ефикасност во локалната самоуправа во Битола.

„Меѓутоа далеку од тоа дека сме задоволни од постигнатото, енергетската ефикасност е поле каде што има голем потенцијал за реализација на многу успешни проекти, но главен проблем во нивната реализација се ограничените финансиски ресурси со кои располага општината“, вели Тино Алексов, од ресорот за енергетска ефикасност на општина Кичево.

Во албанските погранични општини Корча и Поградец речиси и да немаат реализирани енергетски проекти.

„На почеток го осветлуваме градот, а со новиот буџет ќе бидат реализирани и нови мерки за поголема енергетска ефикасност“, најавува Дритан Хамзалари, заменик градоначалник на општина Поградец.

Албанските невладини организации се со оценка дека и кај институциите и кај граѓаните недостигаат информации и треба да се пробуди свесноста за штедење енергија.

„Македонија е чекор пред Албанија, има на пример, инспекции, локални власти, регулатива за енергетска ефикасност. Албанија можеби треба да ги има предвид добрите примери“, вели Ерион Тасе, извршен директор на невладината Академија за политички студии.

Оваа невладина и Центарот за истражување и креирање политики, во рамки на проектот „Иницијатива за јавен дијалог, за одржливо користење енергија“ ќе овозможат размена на искуства меѓу четирите општини, со одржување работилници, едукација на кадри, изработка на студии и стратегии за што поголеми заштеди и користење на алтернативните извори на енергија.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG