Достапни линкови

Во Истанбул разговори меѓу ЕУ и Иран


Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон денеска во Истанбул, како што соопшти нејзиниот портпарол, имала многу долги и корисни разговори со иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Зариф во врска со контроверзната нуклеарна програма на Техеран. Тие се договориле наскоро да почнат преговори на експертско ниво пред следната рунда разговори меѓу Иран и шестте супер сили од 16 до 20 идниот месец во Виена. Претходната рунда заврши без конкретен договор.
XS
SM
MD
LG