Достапни линкови

Пожар во Црквата на Христовото раѓање во Витлеем


Пожар избувнал во Црквата на Христовото раѓање во Витлеем, само неколу часа откако Папата Франциско ја заврши тридневната посета на Блискиот Исток во чии рамки ја посети и оваа црква. Отец Ибрахим Фалтас ја исклучи можноста пожарот да бил подметнат, прецизирајќи дека огнот избувнал поради една падната свеќа и оти не била причинета поголема материјална штета. Црквата на Христовото раѓање е изградена околу пештерата каде што, според верувањата, бил роден Исус Христос. Станува збор за е едно од најсветите места на христијаните што годишно го посетуваат над милион хаџии.
XS
SM
MD
LG