Достапни линкови

logo-print

Папата Франциско: покана за молитва не е посредување


Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциско изјави дека неговата покана до претседателите на Израел и на Палестина Шимон Перес и Махмуд Абас да дојдат на заедничка молитва за мир, не претставува посредување во преговорите меѓу двете страни. „Нема да има преговори, По молитвата секој се враќа дома“ изјави Папата по враќањето од тридневната посета на Блискиот Исток. Тој ја пофали храброста на двајцата претседатели за прифаќањето на неговата покана.
XS
SM
MD
LG