Достапни линкови

Објавени сателитски податоци од исчезнатиот авион


Малезијската влада денеска објави сателитски податоци кои беа користени за утврдување на летот на патничкиот авион што исчезна на 8 март годинава. Досега не се најдени никакви траги од леталото. Овие податоци подолго време беа барани од роднините на 239 луѓе кои беа во авионот. Меѓународниот спасувачки тим, предводен од Малезија, заклучи дека авионот кој летал кон Пекинг, свртел на југ откако последен пат бил забележан од воените радари на околу 90 минути по полетувањето.
XS
SM
MD
LG