Достапни линкови

Партнерство меѓу „Филип Морис“ и Тутунски комбинат Прилеп


Претставници на компанијата „Филип Морис“ денеска ќе се сретнат со премиерот Никола Груевски, по што е најавено потпишување договор за стратегиско партнерство меѓу оваа компанија и Тутунскиот комбинат во Прилеп. Партнерството ќе се реализира преку формирање ново друштво со ограничена одговорност во кое Филип Морис Интернешнл менаџмент ќе има 51 процент капитал учество, а ТК Прилеп 49 проценти. Ова друштво, меѓу другото, ќе биде одговорно за производство, дистрибуција, промоција и продажба на заедничките брендови на домашниот пазар.
XS
SM
MD
LG