Достапни линкови

logo-print

Вонредна состојба во Крагуевац поради невремето


Силно невреме проследено со дожд и град вчера го погоди Крагуевац, по што е прогласена вонредна состојба. За само еден час во градот наврнале 59 литри дожд на квадратен метар, додека ветерот се движел со брзина од 60 километри на час. Во 20 часот по локално време е прогласена вонредна состојба, а евакуирани се 48 лица. Има поплавени индустриски објекти и приватни домови. Најголема штета е предизвикана на инфраструктурата и голем број станбени објекти каде водата достигна и до еден метар.
XS
SM
MD
LG