Достапни линкови

Во борбите во Доњецк, големи загуби на сепаратистите


Проруските сепаратисти соопштија дека 30 нивни борци биле убиени во вчерашните жестоки борби со украинските владини сили во Доњецк. Борбите во кои украинските сили користеле авиони и хеликоптери почнале откако сепаратистите го зазеле аеродромот во Доњецк. За прв пат од почетокот на нередите во источна Украина пред два месеца борбите се прошириле и во самиот град Доњецк. Петро Порошенко кој победи на претседателските избори во неделата вети дека ќе почне дијалог со претставници на источниот дел на земјата, но не и со, како што рече, терористи.
XS
SM
MD
LG