Достапни линкови

Запрени борбите на меѓународниот аеродром во Донецк


Борбите на меѓународниот аеродром во источниот украински град Донецк рано утрово запреле. Украинскиот воен портпарол тврди дека про-руските бунтовниците претрпела тешки загуби.

Про-руските бунтовници вчера го зазедоа аеродромот во Донецк, а тоа предизвика напад на украинските сили вклучувајќи ги и воените авиони.

Според Асошиејтед Прес, борбите синоќа се прошириле и во околните населби.

Лидерот на сепаратистите, Денис Пушилин ја побара „сета достапна помош од рускиот народ“.

Борбите започнаа откако беше потврдено дека Петро Порошенко е победник на претседателските избори во Украина. Тој рече дека е „невозможна“ стабилност во проблематичниот источен регион без учество на Москва.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров рече дека Русија е подготвена на дијалог со Порошенко, но побара Киев да запре „со воените операции против сопствениот народ“.
XS
SM
MD
LG