Достапни линкови

Изборната комисија го потврди изборот на Порошенко


Претседателот на украинската Централна изборна комисија Михајло Охендовскиј вчера соопшти дека Петро Порошенко е избран за нов претседател на Украина. На средбата со новинари во Киев, тој рече дека нема потреба од втор круг од претседателските избори, затоа што Порошенко освоил доволно гласови за победа во првиот круг. Комисијата соопшти дека, по обработени повеќе од 90 отсто од гласовите, Порошенко има над 54 отсто, додека поранешната премиерка Јулија Тимошенко освоила околу 13 проценти од гласовите.
XS
SM
MD
LG