Достапни линкови

Втор ден од претседателските избори во Египет


Египет 26 мај.

Египет 26 мај.

Во Египет денеска втор и последен ден се гласа во првиот круг од претседателските избори. Се гласаше и вчера. Изборите се одржуваат речиси една година по воениот удар во кој беше соборен првиот демократски избран претседател на земјата.

Речиси сите се убедени дека на изборите ќе победи поранешниот началник на Генералштабот на египетската армија Абдел Фатех ал-Сиси, кој го предводеше соборувањето на претседателот Мохамед Морси минатиот јуни. Негов единствен противкандидат е левичарскиот политичар Хамдин Сабахи.

Сиси всушност и владее со Египет по соборувањето на Морси и преземањето остри мерки против неговото Муслиманско братство. Безбедносните сили го натераа Братството да се притаи, откако стотици членови беа убиени, а илјадници затворени. Повеќе од илјада членови на Братството беа осудени на смрт.

Поддржувачите на Сиси, пак, веруваат дека тој може да ги реши проблемите на земјата, вклучително и енергетската криза и насилствата од исламистичките милитанти кои ги избркаа странските инвеститори и туристите. Критичарите, пак, меѓу кои и Амнести интернејшнал, укажуваат на грубо кршење на човековите права при операциите против Муслиманското братство.
XS
SM
MD
LG