Достапни линкови

logo-print

Папата Франциско ја заврши блискоисточната турнеја


Папата Франциско ја заврши неговата блискоисточна турнеја и го напушти Израел. Турнејата ја започна вчера со посетата на комплексот на џамијата Ал-Акса, а се молеше и на Западниот ѕид во Стариот Град во Ерусалим. При посетата на Музејот на холокаустот Јад Вишем, 77-годишниот папа зборуваше за „безграничната трагедија на холокаустот“. Потоа тој одржа миса во Сионската горница, каде според христијанските верувања, Исус Христос ја одржал Тајната вечера со неговите ученици. Папата подоцна се сретна и со израелскиот претседател Шимон Перес и со премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Папата Франциско го искористи патувањето за молитва за крај на блискоисточниот конфликт и ги повика израелскиот и палестинскиот претседател да дојдат во Ватикан на почетокот на наредниот месец да се помолат за мир. Перес ја прифати поканата.
XS
SM
MD
LG