Достапни линкови

Добри шанси за испорака на руски гас во Украина


Еврокомесарот за енергетика Гинтер Отингер изјави дека верува оти е можен договор за продолжување на испораката на руски гас во Украина. По вчерашната средба со рускиот министер за енергија Александр Новак и неговиот украински колега Јуриј Продан во Берлин, Отингер рече дека има „добри шанси“ за постигнување договор.

Според договорот, рече тој, Украина ќе плати 2 милијарди долари од долгот за гас кон Русија до 29 мај, а останатите 500 милиони долари ќе ги плати до 7 јуни. Новак рече дека Русија е подготвена да ги почне преговорите за цената на гасот со Украина, ако долгот од 2,5 милијарди долари биде платен до 31 мај.

Двете земји имаа спор за цените на гасот и барањето на Москва Украина во иднина да ги плаќа набавките однапред што ги зголеми стравувањата за можноста од прекин на снабдувањето со гас на потрошувачите во Европа.
XS
SM
MD
LG