Достапни линкови

НВО и новинарите со иста цел, а различни сфаќања за соработката


Одговорите од претставниците на невладиниот сектор на новинарските прашања се неразбирливи, често пати полни со фрази, се споменуваат најразновидни проекти, а каков е крајниот резултат или што е реализирано не може да се разбере, посочуваат новинарите.

Членовите на невладините организации и новинарите и медиумите во Куманово генерално имаат добра соработка. Меѓутоа, најчесто на новинарските прашања одговорите од претставниците на невладиниот сектор се неразбирливи, често пати полни со фрази, се споменуваат најразновидни проекти, а каков е крајниот резултат или што е реализирано не може да се разбере.
Во пракса нешто е страшно погрешно. Ниту новинарите кои го имаат интересот на граѓаните како приоритет и во својот фокус, мојот впечаток е дека и невладините го заборавија интересот на граѓаните и се претвораат во проектна организација која говори со проектен јазик и е насочена кон донатори, а не кон она што е извор на целта.
Тамара Чаусидис, претседателка на ССНМ.

За надминување на овој проблем Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје во партнерство со Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар, во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско општество спроведуван од Фондацијата за отворено општество Македонија го спроведува проектот „Градење на алијанси за слободно новинарство и граѓанско општество“. Во Куманово беше организирана јавна дебата на тема „Подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу невладините организации и медиумите“.
Тамара Чаусидис, претседател на ССНМ.
Тамара Чаусидис, претседател на ССНМ.

Тамара Чаусидис од ССНМ смета дека во принцип новинарите и невладините организации имаат заедничка цел. Тоа подразбира вистинското новинарство и вистинскиот граѓански активизам да бидат во интерес на граѓаните Тие два сегменти не само што не се разликуваат, туку се упатени еден на друг.
Невладините мора да сфатат дека е битна пораката, а не тие. Доколку тие се оспособат да пласираат добро спакувана порака самите ќе станат бренд наместо да се промовираат себеси како организација и своите активности.
Марија Савовска, Акција Здруженска.

„Во пракса нешто е страшно погрешно. Ниту новинарите кои го имаат интересот на граѓаните како приоритет и во својот фокус, мојот впечаток е дека и невладините го заборавија интересот на граѓаните и се претвораат во проектна организација која говори со проектен јазик и е насочена кон донатори, а не кон она што е извор на целта“, вели Чаусидис.

Затоа е неопходно и новинарите и НВО да се вратат на она што е извориште на новинарството, а тоа се граѓаните и јавниот интерес и тогаш тие ќе се препознаат како сојузници и два партнера кои што можат да ги подобрат работите во општеството.
Марија Савовска, Акција Здруженска.
Марија Савовска, Акција Здруженска.

Невладините организации преку медиумите се промовираат себеси, а не ја пренесуваат пораката што е во интерес на јавноста. Без оглед што поминале низ повеќе обуки за односи со јавноста или начин на комуникација, тие не се оспособиле да зборуваат јасно. Сличноста помеѓу медиумите и НВО ги упатува едни на други. НВО треба да се потрудат да бидат разберени од медиумите, а тие, пак, исто така да се потрудат сето тоа да го „спакуваат“ за да биде интересно, вели Марија Савовска од Акција Здруженска и додава:

„Она што е клучно, е дека невладините мора да сфатат дека е битна пораката, а не тие. Доколку тие се оспособат да пласираат добро спакувана порака самите ќе станат бренд наместо да се промовираат себеси како организација и своите активности“, вели Савовска.

Со што се соочуваат новинарите кога треба да објавуваат информации за активностите на невладините организации, новинарката Сања Атанасовска од Куманово вели:

„Јазикот на НВО е премногу административен, премногу сложен. Во иднина би им препорачала да се служат со поедноставен говор, кој што ние новинарите би можеле полесно да го разбереме. Се повторуваат едни исти термини. Кога ќе добијам некој текст од НВО, мене како новинар ми треба повеќе време за да го средам, да го упростам и да биде читлив и разбирлив за обичниот граѓанин и читател“, вели Атанасовска.

Таа додава дека најчесто новинарите бараат повеќе објаснувања за информацијата не биде извадена од контекст.

Иако соработката помеѓу невладините организации и новинарите е неопходна, на оваа панел дискусија во Куманово новинарите во голем број се појавија, додека малиот број претставници на невладините укажува дека тие се „зафатени“ со „проекти“ или со поважни активности. И како што велат организаторите оваа појава била забележана во сите градови во државава каде што до сега биле организирани панел дискусиите.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG