Достапни линкови

Една година затвор за офталмологот Дејан Ставриќ


Доктор Дејан Ставриќ

Доктор Дејан Ставриќ

Основниот суд Скопје 1 денеска му изрече една година затвор на офталмологот Дејан Ставриќ, под обвинение дека примил мито за обезбедување инвалидска пензија на еден пациент. На Ставриќ му е укината мерката притвор до правосилноста на пресудата, но пасошот му е земен и има забрана за напуштање на државата. Ставриќ беше притворен во полициска акција, по која беше соопштено дека примил две илјади евра за посредување во корист на пациент за добивање инвалидска пензија.
XS
SM
MD
LG