Достапни линкови

Анадолската линија се активирала на егејот?


Света Гора

Света Гора

Два земјотреси со јачина од 6,3 и 6,5 степени по Рихтер го погодиле во саботата северниот дел на Егејското Море, сметаат сеизмолозите, јавуваат грчките медиуми. Потресите се почувствувани низ цела Грција и соседните земји.

Според експертите активирањето на Анадолиската линија довело до „кршење“ на дел од плочата во нејзиниот западен дел меѓу Света Гора и вториот крај на полуостровот Халкидики.

Според проценките Анадолиската линија се активирала по должина од околу 80 километри, а потресите во саботата биле на длабочина од 15 километри.
XS
SM
MD
LG