Достапни линкови

Посетата на шефот на НАТО, Андерс Фог Расмусен на Скопје повторно ја отвори темата за спорот за името.

Името - секогаш актуелна тема на која сите сме чувствителни. Ете го сега, генсекот на НАТО, Расмунсен, во Скопје и духовите повторно се вознемирија. Виктор од Скопје инспириран од насловот на нашата информација напишал:
Едно големо НЕ за промена на името!


„Ова ко на мало дете - Јовче, главата удри ја во ѕид, па скокни од прозор, времето е сега!“ Хикс од Битола извикува: „Едно големо НЕ за промена на името!“, а Димитар од Прилеп прашува: „Кој рече дека ние сакаме во НАТО?“

Пиле загрижено му порачува на премиерот Груевски дека има одговорност за решавање на проблемот, а не за манипулирање со граѓаните и дека секој што влегува во таква влада каква што е на Груевски презема голема одговорност државава да стане Балканска Сирија и да се распадне, како што напишал. Бургија, пак, многу искрено се прашува: „Една работа никако не ми е јасна: Владата не прифаќа промена на името, а од друга страна седнува на маса и преговара за името. Па, ако не прифаќа промена на името под никаков услов, тогаш зошто и воопшто преговара?“, се чуди Бургија од Зрзе.
Значи, не е проблемот што полицијата и судството ни се ко Дизниленд, туку проблемот е во неангажманот на партиите меѓу луѓето??

Дали полицијата ја губи битката со гневот на граѓаните“, втората тема која ги зоврива духовите кај граѓаните, па и кај нашите слушатели и читатели. Даме Македонски веднаш ѝ се нафрла на Редакцијава: „Наслов со прашалник. А прашањето желботека соросоидска“. Некој Моебиус им наоѓа мана на експертите кои сметаат дека политичките партии треба да бидат поприсутни меѓу луѓето и оти само тие можат да влијаат за смирување на тензиите: „Јаки некои експерти... Значи, не е проблемот што полицијата и судството ни се ко Дизниленд, туку проблемот е во неангажманот на партиите меѓу луѓето??“ Горан мисли дека не било суштината во пишување казни за сè и сешто, додека криминалците си крадат, но некој Анонимен напишал: „Ќе немаше никакви инциденти ако полицијата без причина не нападна во близина на Тинекс маркетот во Ѓорче. Тепаа мали деца, жени, луѓе со кренати раце, а маваа ко мрднати“, напишал Анонимен.

Виолета смета дека убиството во Ѓорче не било на национална основа, а дека народот требало да реагира кога се случи убиството кај Смилковско Езеро.

Зачудува, почитувани, што не сте коментирале по нашата информација дека на новинарите што ги следеа инцидентите во Ѓорче, исто како и на нашата новинарка, полицијата на груб начин им ги одзеде снимените материјали, со што директно се прекршува правото на слободно информирање. Само Анонимен напишал:„Затоа има аматерски снимки!“
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG