Достапни линкови

Евроизбори: најголем добитник, екстремните партии


Екстремните популистички партии, и од левиот и од десниот политички спектар, скоро ги дуплираа нивните места во Европскиот парламент. Тоа, според оценките на аналитичарите, значи и повеќе проруски гласови во европскиот законодавен дом.

Крајно десничарските и крајно левичарските партии освоиле, според прелиминарните резултати од европските избори, над 160 од 751 место во новиот парламент.

На претходните избори пред пет години тие добија 98 места. Иако сегашните поголеми партии во европарламентот и натаму имаат големо мнозинство, покачувањето на бројот на пратеници од екстремните партии креира услови за создавање платформа во срцето на Брисел за поголема поддршка на рускиот претседател Владимир Путин. Марин Ле Пен

Марин Ле Пен

Доколку им успее да формираат парламентарни групи и во левиот и во десниот блок, тие ќе добијат финансии од Европскиот парламент од над милион евра годишно.

Резултатите покажуваат дека евроскептичните партии од крајната десница победиле во Данска, Франција и Британија, додека партијата на крајната левица Сириза победи во Грција.

Во Франција, Националниот фронт на Марин Ле Пен ќе има над 25 места во европарламентот, што е голем успех во споредба со само трите пратеници кои ги имаше пред пет години. Тоа, според аналитичарите, би можело да покрене големи бранови и надвор од Франција.
Резултатите покажуваат дека евроскептичните партии од крајната десница победиле во Данска, Франција и Британија, додека партијата на крајната левица Сириза победи во Грција.
„Французите веќе не сакаат да бидат водени од надвор и да спроведуваат закони за кои не гласале. Французите го направија првиот чекор неопходен на патот кон слободата и суверенитетот“, изјави Марин Ле Пен.

Независната партија на Велика Британија која сака излегување на Британија од Европската унија е пред конзервативците и лабористите. Нејзиниот лидер Најџел Фараж вели дека Унијата води лоша политика и има крвави раце во кризата во Украина.

„Она што ме загрижува е што имаме нова европска дипломатија која не успеа во Украина. Бидејќи во изминативе 10 години, а јас не го обвинувам само Брисел, туку и нашите политичари, пораката на Унијата и на НАТО беше дека тие сакаат да ја видат Украина во нивните редови. Тоа, според мене, беше лажна порака на надежи и тоа за претежно католичкиот западен дел на Украина.“

Главната политичка група Европската народна партија освои најмногу места, 212, додека групата на левицата, односно на социјалистите и демократите доби 185 пратеници. Ваквите резултати се разочарувачки за Европската народна партија која во досегашниот парламент имаше 275 места.

Резултатите го ставаат под прашалник и местото на главниот кандидат на оваа група, екс премиерот на Луксембург Жан Клод Јункер да стане нов претседател на Европската комисија, бидејќи не е сосема сигурно дали ќе има и доволно гласови за тоа.

Одѕивот на гласачите е 43,1 насто, во споредба со 43 проценти пред пет години, со што за прв пат е запрен трендот на опаѓање на интересот за европските избори кои почнаа да се спроведуваат во 1979 година.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG