Достапни линкови

Москва ќе ја почитува вољата на украинскиот народ


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека претседателската кампања во Украина „не мина без проблеми“.

Лавров изјави дека Русија ќе ја почитува вољата на украинскиот народ и изрази надеж дека Петро Порошенко ќе стори се за да спречи екстремизмот на надвладее во Украина.

И Соединетите држави ги поздравија резулатите од претседателските избори во Украина на кои Петро Порошенко прогласи победа.

Според првичните резултати тој има 54 насто пред неговиот најголем ривал екс премиерката Јулија Тимошенко која освои над 13 проценти и која најави дека ќе го признае поразот.

Порошенко изјави дека ќе го задржи Арсениј Јатсенијук на премиерската функција.
XS
SM
MD
LG