Достапни линкови

Про руските сепаратисти го затворија аеродромот во Доњецк


Главниот аеродром во источниот украински град Доњецк е затворен по интервенцијата на вооружените про руски сепаратисти.

Портпаролот на аеродромот соопшти дека група вооружени лица побарале војниците кои го чуваат аеродромот да се повлечат.

До ова доаѓа откако лидерот на сепаратистичката, самопрогласената Народна Република Доњцк соопшти дека наметнува воен закон во регионот со цел да се расчистела територијата од „непријателските украинските сили."

Во Киев, украинскиот заменик-премиер Виталиј Јарема изјави дека операцијата на армијата во источна Украина против сепаратистите ќе продолжи наскоро.
XS
SM
MD
LG