Достапни линкови

Литванската претседателка Грибаускаите освои и втор мандат


Далија Грибаускаите

Далија Грибаускаите

Досегашната претседателка на Литванија Далија Грибаускаите објави победа на претседателските избори во оваа балтичка земја, што беа одржани вчера. По преброени околу 75 проценти од гласачките ливчиња, Грибаускаите, позната како „железната лејди“, има околу 58 насто гласови, а нејзиниот конкурент Зигмантас Балкитис освоил околу 42 процента.
Обраќајќи им се на поддржувачите во главниот град Вилнус, Грибаускаите изјави дека победата е историска, затоа што Литванија претходно никогаш не му дала на еден претседател и втор мандат.
Таа беше гласен критичар на руските акции во врска со Украина, зголемувајќи ја својата популарност во земјата, која беше под контрола на Москва за време на Студената војна.
Грибаускаите е економист и се едуцирала во Советскиот Сојуз и во САД. Таа стана првата жена претседател на Литванија кога беше избрана во 2009 година.
XS
SM
MD
LG