Достапни линкови

Претседателски избори во Египет


Египќаните денеска избираат нов претседател, откако минатата година армијата го отстрани првиот демократски избран претседател, исламистот Мохамед Морси. Речиси извесно е дека ќе победи човекот кој го собори Морси, поранешниот прв човек на армијата Абдел Фатах ал Сиси. Тој владееше во земјата по соборувањето на Морси во јули минатата година и укинувањето на неговото Муслиманско братство.
Поддржувачите на Сиси веруваат дека тој може да се справи со проблемите на земјата, вклучувајќи ги енергетската криза и насилствата на исламските милитанти, кои ги бркаат странските инвеститори и туристите. Но критичарите, меѓу кои и Амнести интернејшнел, ги истакнуваат големите прекршувања на човековите права за време на укинувањето на Муслиманското братство.
Инаку, гласањето на претседателските избори завршува утре.
XS
SM
MD
LG