Достапни линкови

logo-print

Времето претпладне сончево, попладне нестабилно


Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за повремени врнежи.
За попладне од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека во поголемиот дел од Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и град. Според прогностичките материјали, поголема веројатност за нестабилност ќе има во западните и југозападните делови, иако не е исклучена појава на нестабилност и во другите региони.

Температурата ќе се движи од 19 до 31 степен.
Во Скопје и околината слично време со температура до 28 степени.

Утре и в среда ќе има делумно стабилизирање на временската состојба.
XS
SM
MD
LG