Достапни линкови

Обама во Авганистан- војната ќе заврши до крајот на годинава


Американскиот претседател Барак Обама им вети на американските сили дека американската војна во Авганистан ќе заврши до крајот на годинава. Претседателот вчера имаше изненадувачка посета на базата Баграм во Авганистан за да го одбележи Денот на сеќавањето на загинатите заедно со трупите. Обама рече дека војната е во клучна фаза, кога авганистанските трупи ја преземаат примарната одговорност за безбедноста на нивната земја. Тој исто така изрази надеж дека Вашингтон ќе потпише билатерална безбедносна спогодба со Кабул откако новиот авганистански претседател ќе ја преземе должноста.
Претседателот во заминување Хамид Карзаи одбива да го потпише договорот. Вашингтон бара таков договор за да зачува мал контингент во Авганистан за обука и анти-терористички мисии и по завршувањето на 2014-та, кога мнозинството од американските и НАТО- силите ќе се повлечат.
XS
SM
MD
LG