Достапни линкови

Почина поранешниот полски комунистички лидер Јерузелски


Поранешниот полски диктатор Војчех Јерузелски починал. Веста за смрта на 90 годишниот генерал Јерузлески ја пренесоа полските медиуми.
Тој во 1968 беше монистер за одбрана на Полска кога земјите од Варшавскиот пакт ја окупираа тогашна Чехословачка.
Како комунистички лидер во 80 тите години превземаше репресивни акции против Солидарност на Лех Валенса. Потоа се договори со опозицијата за поделба на власта.
Јерузелски подоцна се извини за окупацијата на Чехословачка а за вонредната состојба во Полска во 80 тите изјави дека со тоа ја спречил советската инвазија.
XS
SM
MD
LG