Достапни линкови

logo-print

Најголемата српска термоцентрала продолжи да работи


Најголемата електроцентрала во Србија ТЕЦ „Никола Тесла“ ја обнови денеска работата по десетдневниот прекин поради поплавите. Министерот за енергетика Александар Антиќ изјави дека денеска е пуштен блокот А1, кој работи со моќност од 150 мегавати, а утре ќе биде пуштен и блокот 3 и електроцентралата ќе достигне капацитет од 500 до 600 мегавати.
ТЕЦ „Никола Тесла“ има шест блока со вкупна моќност од 1.650 мегавати. Тие произведуваат околу 30 проценти од електричната енергија, која и е потребна на Србија
XS
SM
MD
LG