Достапни линкови

Судири во Сирија, убиени најмалку 8 лица



Најмалку осум лица се убиени а 22 се повредени во експлозија на автомобил бомба во Хомс, во централниот дел на Сирија, изјави градоначалникот на Хомс, Талал Барази. 25 автомобили изгореле во експлозијата. Сириската војска на 11 мај влезе во Хомс, прв пат од почетокот на судирите во земјата започнати во март 2011 и тоа по повлекувањето на бунтиовниците од градот во кој се крена бунт против режимот. Повлекувањето е договорено со договор за прекин на огнот, постигнат кон крајот на април со владините сили со посредство на ООН.
XS
SM
MD
LG