Достапни линкови

Двајца руски новинари ослободени, италијански фоторепортер убиен во источна Украина


Двајца руски новинари кои беа задржани една недела откако беа уапсени од страна на про-владините сили во источна Украина, се ослободени. Олег Сидиакин и Марат Саиченко беа уапсени на 18 мај во близина на источниот град Краматорск. Едниот од нив замина за главниот град на Чеченија, Грозни, каде што се состана со водачот Рамзан Кадиров. Во изјавата за новинарите во текот на денот во Москва, Сидиакин и Саиченко ги негираа тврдењата дека носат со себе проектили. На 21 мај, рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли обвинувањата како "глупости и лудило."
Италијански фоторепортер пак е пријавено дека е убиен во источна Украина.
Италијанскиот министер за надворешни работи изјави дека Андреа Рочели според информациите е убиен на 24 мај во близина на градот Словианск, каде што проруските сили се борат против војската на украинската влада .
Во соопштението се вели дека телото на новинарот е однесено во болница, заедно со уште еден руски државјанин.
Според извештаите, италијанскиот новинар и неговиот руски преведувач биле погодени од минофрлачки оган.
XS
SM
MD
LG