Достапни линкови

logo-print

Сепаратисти се собраа пред домот на бизнисменот Ахметов во Доњецк


Стотици прорускиот сепаратисти, вклучувајќи и некои маскирани вооружени лица, се собраа пред домот на најбогат човек на Украина, Ринат Ахметов, во источниот град Доњецк додекаУкраинците гласаат за нов претседател.
Ахметов, милијардер кој се занимава со бизнисот со јаглен и челик, ги повика луѓето да гласаат и ги обвини сепаратистите за"геноцидот" минатата недела.
Приградскиот дом на Ахметов е заштитен од страна на вооружени чувари.
Ахметов, чии бизниси вработуваат околу 300.000 луѓе, ги охрабри неговите работници да учествуваат на мирни собири во изминатите неколку дена против сепаратистите и во корист на украинското единство.
XS
SM
MD
LG