Достапни линкови

logo-print

Дванаесет жртви на поплавите во Кина



Кинеската државна новинска агенција објави дека 12 лица загинале во големите поплави во јужниот дел на Кина. Новинска агенција Ксинхуа вели дека од поплавите се погодени 649.000 луѓе во градот Кинџуан во провинцијата Гуангдонг каде што се урнати 3.300 куќи. Во извештајот се проценува и дека поплавите предизвикале штета во висина од 293.000.000 $ . На друго место, повеќе од 20.000 жители во градот Шитан се уште немаат вода за пиење откако поплавите ја загадиле водата во резервоарите.
XS
SM
MD
LG