Достапни линкови

logo-print

Медведев во посета на Крим


Рускиот премиер Дмитриј Медведев ќе ја започне дводневната посета на Крим, додека Украинците гласаат на претседателските избори.
Медведев ќе ја посети канцеларијата за имиграција во градот Севастопол каде што им се издаваат руски пасоши на локалните жители. .
Медведев изјави дека тој, исто така, ќе го посети детскиот центар Артек на Црното Море на 26 мај.
Тоа ќе биде втора посета на Медведев на Крим откако Русија го приклучи украинскиот полуостров во март.
Претседателот Владимир Путин присуствуваше во регионот во почетокот на месецов на прославата на Денот на победата.
XS
SM
MD
LG