Достапни линкови

logo-print

Белгија ги засилува мерките за безбедност по нападот врз музејот на Евреите


Белгиските власти соопштија дека се засилени безбедносните мерки откако три лица загинале а еден е тешко повреден откако бил отворен оган на Еврејскиот музеј во Брисел. Полицијата уапси еден осомничен кој бил на местото на настанот и за момент набљудувал. Очевидци јавија дека непознато лице влегло во музејот, пукало неселективно, а потоа побегнало со автомобил. Министерот за внатрешни работи Жоел Милке рече дека антитерористичките мерки се засилени. Премиерот Елио Ди Рупo изрази поддршка за еврејската заедница. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро го осуди убиството, велејќи дека тоа е "резултат на бескрајни поттикнувања на омразата кон Евреите и нивната држава." Инцидентот се случил еден ден пред Белгијците да излезат на гласање за националните избори и за изборите за Европскиот парламент.
XS
SM
MD
LG