Достапни линкови

logo-print

Претседателски избори во Украина


Во Украина е во тек гласањето на претседателските избори. Истовремено, про-руските сепаратисти го држат под контрола поголемиот дел од два источни региони. Украински официјални лица изјавија дека голем број гласачки места во Донецк и Луханцк, најверојатно, нема да бидат отворени. Премиерот Арсениј Јацењук рече дека првиот чекор по изборите ќе биде да се стабилизира ситуацијата во источниот дел. Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе соработува со новата украинска администрација. Киев ја обвинува Москва дека ги поддржува сепаратистите. Осумнаесет кандидати се натпреваруваат за следниот лидер на Украина. Анкетите покажуваат дека милијардерот Петро Порошенко е во предност, но апсолутно мнозинство е потребно за победа во првиот круг. Неговиот најблизок ривал е Јулија Тимошенко, но која е далеку зад него.
XS
SM
MD
LG